Додека главната активност на Спасовски се протестите на СДСМ пред Уставниот суд поради ситнопартиски интереси и манипулации, преку 1.000 мигранти направија груб упад на македонска територија. Локалното население остана незаштитено, но Спасовски си го работи сценариото на СДСМ.
Групата на мигранти повеќе од четири часа се движела кон Македонија, полицијата под команда на Спасовски не се ни обиде да ги спречи во тоа, па тие навлегоа длабоко во македонска територија.
Додека локалното население живееше во страв, главните активности на Спасовски беа спроведување на деструктивно сценарио. Тој се занимава со протести, наместо со безбедноста на населението.
Ова не е прв пат Спасовски да ги остави граѓаните на ризик и небезбедни. Тој дозволи уривање на темелите на крстот во Бутел и додека Албанците дивееја и ги сквернавеа темелите, полицијата ја насочи кон локалното македонско население.
Пред ова немило сценарио, главна активност на Спасовски му беше поддршка на Чаушот кој е соработник на Заев, и неговата „фабрика за афери“.
Додека мигрантите вршат инвазија во земјава, експонентите на СДСМ наместо да ја заштитат државата, се закануваат со леење крв по улиците и со физичка пресметка со уставните судии.
Вработен во МВР и член на ИО на СДСМ, Едмонд Адеми, испрати јасни закани:
СДСМ и Сорос на своите протести злоупотребија лице да вреска пред Уставниот суд, врвна институција на системот, да ја навредува истата, да ги омаловажува судиите и да се заканува дека „на клоци и за уши ќе ги бркале“ од канцелариите.
-На крстови, на орли, на лавови и на какви сѐ не измислици. За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа врата! Ова не е Уставен суд, ова е у**ан суд! – изјави Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)