Британскиот тенисер Енди Мареј доживеа изненадувачка елиминација во раната фаза од мастерс-турнирот во Индијан Велс. Тој загуби во третото коло, откако беше совладан 53.тенисер ана АТП – листата, Федерико Делбонис, со 2-1 во сетови.
Мареј за првпат се појави на турнир по елиминацијата на Австралија Опен и не беше убедлив на мечот со Аргентинецот Делбонис. Го загуби првиот сет со 6-4, па иако возврати со иста мера во вториот, не успеа да го добие решавачкиот тај-брејк во третиот сет.
Во следното коло минаа Рафаел Надал, како и Милош Раонич, кој предвреме го доби мечот со Бернард Томиќ, откако ривалот предаде при негатива од 6-2, 3-0.
Во женска конкуренција изненадување е раната елиминација на Ана Ивановиќ, која загуби со 6-2, 6-0 од чешката тенисерка Каролина Плишкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.