На својата нова голема турнеја Адел одлучила на своите најверни обожаватели да им ги исполнува нивните музички желби.
Така, на секој концерт таа повикува по едно лице од публиката на сцената на кое му исполнува една музичка желба, овој пат тоа беше на дванаесет годинишната Емили Тамам.
Емили била на концертот во Манчестер со голем натпис: “Мојот најголем сон е да пееам со Адел”.
По само неколку песни изведени на концертот, Адел го видела натписот и ја повикала на сцената да ја испејат заедно баладата “Someone Like You”.
Таткото на ова среќно девојче изјави за „Manchester Evening News“ дека гестот на британската ѕвезда е повеќе од прекрасен. Тој исто така откри дека Емили е аутистично девојче со хиперактивно пореметување која покрај тоа боледува од Елерс-Данлосов синдром поради што настапот со Адел за нејзе бил дополнителен поттик да верува во своите соништа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)