Општина Аеродром ги изработува ДУП-овите во Долно и Горно Лисиче за проектот „Купи куќа за млади“.
Градоначалникот Коневски истакна дека во однос на Деталниот урбанистички план кој се однесува на куќи за проектот „Купи куќа за млади“ во општината се работат повеќе детални урбанистички планови: еден во Долно Лисиче и два во Горно Лисиче.
Посочи дека во Долно Лисиче, општина Аеродром е инвеститор на тој детален урбанистички план и веќе е во фаза на реализација, а очекува дека за две недели ќе биде изложен на јавна анкета.
Според Коневски, се работи за детален урбанистички план кој треба да опфати околу 200 куќи кои се на државно земјиште. Во врска со другите два детални урбанистички плана во Горно Лисиче, истакна дека тие се работат од страна на Министерството за транспорт и врски.
Нагласи дека вкупната бројка на куќи во овие два детални урбанистички планови е околу 400 куќи (200 во Долно Лисиче и 200 во Горно Лисиче) за овој проект.
– Очекувам тие детални урбанистички планови до крајот на оваа година да бидат донесени и да можеме да почнеме со реализација на овој проект во општината, рече Коневски. Индустриска зона има на патот меѓу Долно и Горно Лисиче. Тоа е повеќе од 20 хектари. Се работи за приватно земјиште. Веќе се градат индустриски капацитети за лесна индустрија, додаде Коневски.
Во врска со индустриската зона, тој додаде дека веќе постои една меѓу Долно и Горно Лисиче покрај патот каде веќе има фирми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови