Проектот „Купи куќа за млади“ ќе продолжи и во следните четири години, најави носителот на листата кандати за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
На денешната средба со битолчани, Милошоски појасни дека се зголемува возрасната граница на заинтересирани лица за овој проект, односно лица повозрасни од 35 години.
– Предвидуваме проектот да го користат и лица на возраст над 36 години, а тоа значи дека Владата на Република Македонија за лица кои ќе имаат кредит за изградба на својата куќа, во првите 7 години ќе им исплаќа 65 отсто од ратата, камата и главница и во следните 3 години ќе им исплаќа 35 отсто од таа рата. Доколку на почетокот потребата е поголема, тогаш барателот ќе добие 100-процентнта поддршка по однос на уплатата за влогот што треба да го даде при подигањето на соодветниот кредит. Сметаме дека на ваков начин поголем број луѓе, а не само тие до 35 години, туку и тие над 36 години ќе успеат да ја искористат поволноста за изградба на своја куќа – рече Милошоски.
„Коалицијата за подобра Македонија“ вечерва во Битола ќе одржи предизборен митинг на кој ќе бидат претставени кандидатите за пратеници од изборната единица бр. 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Бугарија доби легално право да ја попречува Македонија во своите аспирации
-
Милошоски: СДСМ не гласаше за амандаман за штетите од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга