| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец заврши на хирургија по вчерашниот инцидент на ракометниот меч во Струмица

Еден полицаец завршил на хирургија во синоќешниот инцидент ракометен натпревар помеѓу Зоми Мак М и Вардар ПРО кој се граше во Струмица. Во судирот помеѓу навивачите на струмичкиот тим Струмица Зоми Мак М и Комитите интервенира кордон од триесетина полицајци и обезбедувањето. Струмица.нет. јави дека столчиња се откорнати од трибините и служеле како „оружје“ со кое се пресметувале двете страни. На крајот, полицијата интервенирала и Комитите биле со автобуси изнесени надвор од Струмица.Поради инцидентот натпреварот бил прекинат дваесетина минути по што продолжил и завршил со нерешен резултат (24:24)

Кај Р.К.Струмица Зоми Мак М  најефикасни беа Дејан Пецаковски и Чантурија со по 7 погодоци, Игор Павловски постигна 5, Милосавлјевиќ 3, а Везенковски 2 пати ја погоди противничката мрежа. На голот на струмичани блескаше Кирил Колев со 16 одбрани.

Кај Вардар најефикасен беше Ракович со 10 погодоци, Стоилов постигна 4, Петрич, Лазаров и Марковски по 2 пати погодија, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Ојлески, Лазович,Прибак и Рајкович.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top