Вечерва се одигра последниот натпревар од 30. коло во англиската Премиер Лигата. Лидерот Лестер минимално го победи Њукасл и сега на осум кола пред крајот на сезоната има пед бодови повеќе од второпласираниот Тотенхем.
Јапонецот Оказаки со маестрален потег го реши натпреварот и му го „расипа“ дебито на Рафа Бенитез на кормилото на Њукасл.
Фудбалерите на Лестер уште еднаш докажаа дека добро играат под притисок и дека заслужено се најсериозниот претендент за титулата во Премиер Лигата.
Избраниците на Раниери пред своја публика ја остварија 18. првенствена победа и се вратија на плус пет бодови во однос на второплаасираниот Тотенхем.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 25. минута кога Шинџи Оказаки спектакуларно, со „ножички“ ја затресе гостинската мрежа, иако имаше еден сомнителен момент во истата акција, непосредно пред овој еврогол, кога можеби требаше да биде досуден офсајд во кој се најде Џејми Варди, меѓутоа судијата не се огласи.
Промената на тренерот и доаѓањето на Рафа Бенитез на кормилото на Њукасл немаше резултат со победа на првиот натпревар, но секако имаше значително подобрување во играта на Њукасл во однос на повеќето претходни натпревари сезонава. Њукасл имаше подобрен процент на посед на топка, повеќе удари кон голот, но сепак немаа среќа да постигнат гол.
На крај остана резултатот 1-0, Лестер сè посигурен на врвот, додека Њукасл останува на спротивната страна, во опасната зона на испаѓање.
Табела:
1. Лестер 63 бодови
2. Тотенхем 58
3. Арсенал 52
4. Манчестер Сити 51
5. Вест Хем 49
6. Манчестер Јунајтед 47
7. Саутемптон 44
8. Ливерпул 44
9. Стоук 43
10. Челси 40
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)