Проблемите во Реал Мадрид се продлабочуваат. По неколкуте лоши резултати и испади на ѕвездите, навивачите и претседателот Флорентино Перез не се задоволни од исходот и покрај тоа што „кралевите“ синоќа успеаја да победат во финишот од мечот против Лас Палмас.
Тренерот Зинедин Зидан воопшто не е задоволен од играта на неговите играчи и можеже многу лесно да останат и без двата планирани бода дане беше спасителот Каземиро кој постигна гол во 89.минута.
– Многу сум загрижен за играта во второто полувреме. Сепак најважно е што ги освоивме трите бода. Утре ќе ја гледам снимката од мечот, но ќе повторам, воопѓто не сум задоволен. Со ваква игра нема далеку да стигнеме – изјави Зидан кој пред натпреварот најави негово заминување по завршувањето на оваа сезона.
Покрај лошата игра на целиот тим, Зидан може да го загрижува и однесувањето на Иско кој беше заменет од Зидан во 60.минута од Матео Ковачиќ. Иско откако седна на клупата за резервни играчи почна да фрла со работи кои му се најдоа при рака.
Реал Мадрид во следното коло игра против Севилја на „Сантијаго Бернабеу“, а по две кола потоа и гостува на Барселона на „Камп Ноу“. Тоа ќе биде вистински тест Зидан и играчите на „кралскиот клуб“ кој во летниот преоден рок со сигурност ќе доживее големи промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)