Пет вагони на патнички воз со околу 130 патници утрово излетаа од шини во американската сојузна држава Канзас, при што најмалку 11 лица се повредени, соопшти локалната полиција.
Во соопштението на железничката компанија „Амтрак“ се наведува дека кратко по полноќ по локално време во Канзас, во близина на Доџ Сити излетале неколку вагони на возот на линијата Лос Анџелес – Чикаго, пренесува „Си-Би-Ес“.
Во возот, во моментот на несреќата се наоѓале 128 патници и 14 членови на екипажот, а сите повредени се надвор од животна опасност.
На самото место се службите, а истрагата за инцидентот е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун