Пари сен Жермен долго беше без титула, а тогаш го направи вистинскиот потег и во своите редови го доведе Златан Ибрахимовиќ. Фудбалерот претплатен за шампионски трофеи веднаш освои неколку титули во низа, вклучувајќи ја и оваа последната што беше осигурана со убедливата победа над Троја од 0-9.
На љубовта наскоро ќе и дојде крајот, договорот на Златан со „светците“ истекува на крајот од сезонава,а Швеѓанецот во свој стил ја прокоментира можноста за останување на „Паркот на принцовите“ и потпишување на нов договор со ПСЖ.
– Ако на местото на Ајфеловата кула биде ставена моја статуа, ќе немам друг избор освен да останам во Париз – изјави Ибрахимовиќ за телевизијата „Беин спортс“.
Силвио Берлускони се надева дека ќе успее да го убеди Ибракадабра да се врати во Милан, но во последно време многу се шпекулира и за негова преселба во Премиер-лигата, каде Арсенал и Манчестер јунајтед се подготвени да му платат богатство за да го доведат во своите редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.