| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивно на „Вествален“, навивач почина на сред меч од срцев удар (видео)

Borussia Dortmund vs FSV Mainz 05

Борусија Дортмунд славеше над Мајнц со 2-0, но овој меч мина во знакот на трагичниот настан во првото полувреме, кога еден навивач на „милионерите“ почина на трибините од срцев удар. Веста веднаш се прошири меѓу навивачите, а стигна и до фудбалерите, па по последниот свиреж на судијата на стадионот во Дортмунд можеше да се проследи емотивна глетка – играчите на Борусија застанаа еден до друг пред трибината каде почина навивачот, додека од сите страни ечеше добро познатата навивачка песна „You’ll never walk alone”.

– Некои работи се поважни од фудбалот – гласеше твитот на официјалниот твитер-профил на Борусија Дортмунд објавен непосредно по завршувањето на овој натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top