| четврток, 6 декември 2018 |

Металург денеска ќе го даде максимумот во „Борис Трајковски“

Маталург денеска ќе се соочи со Кијелце. Македонскиот ракометен шампион попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 17 часот ќе го пречека полскиот шампион, што е први дуел од четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите.

Металург влегува со желба да оствари резултат што ќе му дава шанси по реваншот во Полска да се пласира на „Фајнл фор“. Евентуалниот таков успех ќе претставува најголемо достигнување на еден машки ракометен клуб од Македонија.

-Добро го познаваме противникот. Само од нив имавме два пораза. И тие се екипа која е досега без пласман на „Ф4“. Мораме да ја искористиме секоја шанса. Ова ќе бидат два различни натпревара и затоа е добро да победиме барем еднаш и да се дадеме максимум на теренот- изјави капитенот Димовски.

Во групната фаза Кијелце ги доби двата дуелa со Металург, но во двата меча македонскиот претставник беше рамноправен противник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top