| четврток, 6 декември 2018 |

Хари Кејн го остави Тотенхем во трка за шампионската титула (видео)

Aston Villa vs Tottenham Hotspur

Тотенхем се врати во победнички ритам и се доближи на само два бода негатива до лидерот Лестер во трката за шампионската титула во Премиер – лигата. „Спарси“ славеа на гостувањето против Астон Вила со 0-2 и ги најавуваат своите амбиции за освојување на шампионатот.

Хари Кејн беше човекот на одлука на овој меч. За три минути го реши домаќинот, иако головите беа постигнати во две полувремиња. На самиот истек од првиот дел Кејн го отвори резултатот, а во 48.минута зголеми на 0-2, што беше и конечен епилог на овој натпревар.

Сега Тотенхем има 58 бода, два помалку од лидерот Лестер кој утре го пречекува Њукасл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top