| четврток, 6 декември 2018 |

Џенова се врати од бездната и славеше со 3-2 над Торино, Пандев ги одигра сите 90 минути (видео)

pandev

Горан Пандев втор натпревар по ред се најде во стартниот тим, а Џенова втор пат во низа стигна до триумф во Серија А. По минатонеделната победа над Емполи, Пандев и соиграчите денеска славеа во пресметката со Торино, со минимални 3-2. Оваа победа е уште позначајна ако се знае дека Торино по петнаесет минути игра имаше водство од 0-2, но домаќините собраа сили за пресврт и стигнаа до цел плен, со што Џенова дефинитивно побегна од опасната зона на табелата. Черчи со два гола од пенал израмни уште до крајот на првото полувреме, за во вториот дел победничкиот гол да го постигне Ригони.

Рома ја продолжи импресивната серија од осум победи триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Удинезе. Џеко и Флоренци беа стрелци на головите за „волчицата“ пред Фернандез во самиот финиш да го ублажи поразот на „црно-белите“ од Удине.

Фиорентина направи огромен чекор назад во битката за излез во Европа откако „виолетовите“ ремизираа 1-1 против „фенерџијата“ Верона, и тоа со примен гол во 86. минута преку Пизано.

Резултати Италија:

Киево – Милан 0-0, Џенова – Торино 3-2, Удинезе – Рома 1-2, Карпи – Фросиноне 2-1, Фиорентина – Верона 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top