| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку: Не знаев што да правам, на крајот излезе дека дадов еврогол

lukaku

Ромелу Лукаку беше во главна улога на четвртфиналниот дуел од ФА Купот против Челси, на кој Белгиецот со два гола го потопи својот поранешен клуб и го одведе Евертон во полуфиналето. Младиот голгетер уште еднаш потенцираше дека не чувствува дополнителна мотивација кога игра против Челси, тимот каде не доби вистинска шанса да ги покаже своите квалитети.

– Немам што да му докажувам на Челси, отидов таму како 18-годишно момче и научив што значи професионалниот фудбал навистина. Не чувствувам никаква лутина што не добив адекватна шанса, напротив, секогаш ќе бидам благодарен за она што го научив во лондонскиот клуб – искрен е Лукаку.

Особено импресивен беше првиот погодок, кога Белгиецот се ослободи од четири противнички фудбалери, за на крајот да го матира и својот сонародник Тибо Куртоа.

– Таков гол немам дадено досега, да бидам искрен отпрвин не знаев каде да тргнам, но штом видов дека сум стигнал во шеснаесетникот ми олесна, бидејќи противниците не смееја да тргнат похрабро и да ризикуваат пенал. Видов дека Кејхил не знае каде оди, ја префрлив топката на левата нога и погодив. Голот беше убав, но многу посреќен сум за тимот, за оваа победа која ни го донесе полуфиналето – порача Лукаку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top