Екипата на ПСЖ сака на крајот од оваа сезона дополитено да се засили и поодамна е заинтересирана за услугите на белгискиот виртуоз Еден Азар. Во последнот време „светците“ саакаат да ја засилат и голманската позиција, а прв пик е чуварот на мрежата на Челси, Тибо Куртоа.
Крилниот напаѓач сезонава игра ужасно во синиот дрес, а го навлече и гневот на навивачите на клубот, откако во средата токму против ПСЖ го размени дресот со Анхел ди Марија. Азар веќе некое е време е трансфер-желба на тимот од Париз, а самиот факт што одредено време играше во Лига 1 во екипата на Лил ќе направи неговата адаптација во новата средина да биде безболна.
ПСЖ исто така се распрашува и за голманот на Челзи, Тибо Куртоа, најмногу поради нестандардниот Кевин Трап. Германецот знае да брани фантастично, но има доста киксови оваа сезона, па Лорен Блан не е премногу уверен во неговата постојаност.
Пред две сезони, ПСЖ му плати 50 милиони фунти за Давид Луиз, а за двајцата Белгијци сигурно ќе треба да издвои приближно 100 милиони фунти доколку сака да ги види во своите редови од идната сезона.
– See more at: http://sportmedia.mk/megjunaroden-fudbal/francija/pzzh-go-saka-belgiskoto-duo-na-chelzi-eden-azar-i-tibo-kurtoa-na#sthash.hXzWCtxZ.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.