Моите синови се невини, а обвиненијата против нив се монтирани – вели мајката на Џохар и Тамерлан Царнаев, обвинети за терористичкиот напад за време на маратонот во Бостон. Таа изјавува дека Тамерлан бил најмалку три години под надзор на американсканското Федерално истражно биро (ФБИ). Тој беше убиен во судирот со полицијата, а неговиот брат беше уапсен подоцна.
-Американците точно знаја што работи мојот син и кои интернет страници ги посетува – вели мајката, која се јавува од Русија.
-Не беше следен – е првата службена американска реакција. Но ФБИ објави дека еден од браќата бил испитан во 2011 година на барање на владата. ФБИ не открива кој од владата го побарал тоа. Исто така нагласуваат дека тогаш не откриле терористичка активност, по што случајот бил затворен. Наводно, од страна на владата Тамерлан бил означен како радикален исламист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)