Денес во италијанската Серија А се одиграа два натпревари во рамки на 29. коло.
Интер на домашен терен ја совлада Болоња.
Болоња пристигна во Милано како екипа која долго време нема примено гол, но вечерва после 462 минути мирување на нивната мрежа, одбраната конечно попушти.
Интер во текот на целиот натпревар имаше иницијатива на теренот, но не успеваше да ја затресе гостинската мрежа во првото полувреме.
Во вториот дел од натпреварот, во последните 20 минути Интер успеа да го пробие бедемот пред голот на Болоња. По еден корнер, Иван Перишиќ добро се снајде во една гужва пред голот на гостите и успеа да ја спроведе топката во мрежата за водство од 1-0.
Само три минути подоцна уште еден гол после изведен корнер. Миранда ја насочи топката кон Д’Амброзио кој беше прецизен за 2-0.
Болоња успеа да постигне гол во 90. минута и да намали, но веќе беше касно за да стигнат барем до бод и Интер го собра „целиот плен“ со конечни 2-1.
Во другиот натпревар денес Емполи и Сампдорија одиграа нерешено, со резултат 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)