Фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен остварија победа над Депортиво Ла Коруња со резултат од 3-0 во третиот натпревар денес во рамките на 29. коло во Примера Дивизија.
„Јорганџиите“ без поголеми проблеми дојдоа до нова важна победа за понатамошната битка за титулата. Атлетико се обидува да држи чекор со лидерот Барселона, заостанува осум бодови, но Каталонците во наредните две кола имаат два тешки дуели, прво гостуваат кај Виљареал, а потоа го дочекуваат Реал Мадрид.
Првиот гол го постигна Саул во 18. минута, кој по одличниот центаршут на Филипе Луис од левата страна, со глава од некои 14 метри ја заби топката под пречката во голот.
Во второто полувреме Гризман во 60. минута зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави резервистот Кореа во 83. минута, откако избегна офсајд замка и сам пред голманот погоди за недостижни 3-0.
Ова е одлично загревање за Атлетико пред важниот реванш-дуел со ПСВ Ајдховен во Лигата на Шампионите. Атлетико во вторник на домашен терен против холандскиот тим ќе се обиде да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во ЛШ. Првиот дуел заврши без голови.
Атлетико Мадрид е на втората позиција на табелата, со седум бодови повеќе од Реал Мадрид, кој утре гостува во Лас Палмас.
Во последниот натпревар вечерва, Ваљекано и Еибар изиграа нерешено со 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)