| четврток, 6 декември 2018 |

Нов НБА рекорд во Оукленд, Рубио го нокаутираше фаворитот (видео)

Curry-gsw-por-110316

Синоќа во најсилната кошаркарска лига во светот се одиграа 10 натпревари.

Најинтересно беше во Оклахома, каде екипата на Минесота Тимбервулфс непријатно ги изненади домашните Тандерс. Рики Рубио погоди тројка во последната секунда и приреди уште едно изнендување сезонава. Шпанецот имаше учинок од 13 поени и 12 асистенции, „волците“ им направија доста проблеми на фаворитот кој имаше 24 изгубени топки, најмногу за нив сезонава. Кај гостите најефикасни беа Диенг со 25 поени, Вигинс со 20 и Таунс со 17 поени и 12 скокови. Одлично изиграа во одбраната, кај домашните Вестбрук имаше 26 поени, а Дурант 28 поени, а и процентот на шут им беше слаб, околу 43% ефикасност.

 

Шампионот на домашен терен помина без поголеми проблеми против непредвидливите Блејзерс, Кари и Томпсон погодија 15 тројки од вкупно 18 на Голден Стејт во победата од 128-112. Портланд имаа една повеќе, погодија 19 тројки од 36 обиди, но не беа доволни. За победа на гостите им беше потребен подобар Лилард, погоди скромни 17 поени, и процентот на шут му беше лош. Кај Вориорс, Кари постигна 34, а Томпсон 37 поени и се одмаздија за понижувачкиот пораз во Орегон пред повеќе од еден месец. Инаку ова е шести пат во кариерата Кари и Томпсон заедно да постигнат над 30 поени на еден натпревар.

А вкупниот број на тројки на натпреварот што ги постигнаа Вориорс и Блејзерс, 37 од 76 обиди, е нов НБА рекорд.

 

Резултати:

Филаделфија – Бруклин  95-89
Шарлот – Детроит  118-103
Оклахома – Минесота  96-99
Чикаго – Мајами  96-118
Мемфис – Њу Орлеанс  121-114 (прод.)
Бостон – Хјустон  98-102
Јута – Вашингтон  114-93
Сакраменто – Орландо  100-107
Голден Стејт – Портланд  128-112
ЛА Клиперс – Њујорк  101-94

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top