| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската полиција уапси висок косовски функционер

Македонската полиција го уапси шефот на протокол на косовското Министерство за безбедносни сили, Гафур Дуголи, по барање на Министерството за внатрешни работи на Србија, а по налог на Интерпол, објави порталот „Мкд.мк“.

mvr

Тој е уапсен под обвинение за воени злосторства во времето кога бил член на ОВК, пренесоа српските и косовските медиуми.

Дуголи е уапсен на преминот Блаце, во близина на Генерал Јанковиќ, а бил упатен по виза во Амбасадата на САД во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top