| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: И Шилегов земал мито како претседател на второстепената владина комисија за жалби (видео)

Претседателот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош вчера објави нов скандал за лидерот на СДСМ Зоран Заев. Јакимовски изјави дека Заев на ливче му барал 250.000 евра.

Но тој во говорот го опфати и портпаролот на СДСМ и пратеник во собранието, Петре Шилегов обвинувајќи дека Шилегов земал мито додека беше претседател на второстепената владина комисија за жалби.

silegov republika 2 (Custom)-И затоа што оној третиот што таму се слика додека беше претседател на второстепена владина комисија се утепа земајќи мито за да прифати жалба или за да одбие жалба. И вие денес ќе зборувате за криминали. Па што не го прашате имотот што го остварил дали е тоа од 50.000 денари приходи што ги има месечно како адвокат или е како резултат на некое друго што претходно имал. И мислам дека добро е да фаќате други теми, немојте за криминал. Во оваа држава луѓе останаа без работа, се опљачкаа претпријатија, ама се е тоа на грев на СДСМ. Екологија што зборите, тоа ви личи. Ама за криминал не ви личи. И уште озгора да се заканувате. Е па немојте да мислите дека некој ќе ви ќути. Не Катица, не Фатиме, кого сакате пуштете. Немојте да мислите дека некој ќе ве спаси или дека некого сте уплашиле. Премногу сте умачкани преку глава во криминали. А не дај боже да зборуваме за она што значи резултати. Пред извесно време ви ги соопштивме. Колку општина Карпош има проекти, на половина од тоа имаат трите ваши општини – Ранковце, Струмица и Куманово, рече Јакимовски.

Делот за Шилегов е во 4:30 минута од видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top