Зоран Заев, претседателот на опозициската СДСМ и градоначалник на Струмица оваа година нема да се маскира на Струмичкиот карневал, кој се одржува вечерва.
– Тримерските обичаи се нешто со коешто се гордеат струмичани. Овие карневалски денови очекуваме да бидат врв на организацијата на струмичани во форма на струмички карневал. Јас сум истовремено и политичар, водам во моментов пресериозен процес во Република Македонија, а маската понекогаш претставува искривување на реалноста. Поради тоа оваа година, почитувајќи ги традициите на струмичани, сум традиционално гостин на маскенбалот во Струмица, но овој пат без маска – рече Заев.
Градот Струмица 25 години го организира струмичкиот карневал. Синоќа со концертот организиран од основното музичко училиште „Боро Џони“ и уметничката галерија, односно претставувањето на сликите од минатогодишниот карневал, започнаа карневалските манифестации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)