Денеска се навршуваат 13 години од убиството на поранешниот спрски премиер Зоран Ѓинѓиќ. Тој беше убиен при влегувањето во зградата на Владата на Србија. Ѓинѓиќ беше првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија.
Членовите на српската Влада, предводени од премиерот Александар Вучиќ утрово положија венци на спомен-плочата во седиштето на владата, на местото каде беше убиен Ѓинѓиќ.
Поради организирање на убиството на премиерот, на 40 години затвор осуден е поранешниот командант на специјалните полициски единици „црвени баретки“ Милорад Улемек. На иста казна осуден е и Звездан Јовановиќ, непосреден извршувач на убиството и поранешен заменик на Улемек.
Политичката позадина на убиството на Ѓинѓиќ се уште не е позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат