| четврток, 6 декември 2018 |

Еврогол на Дибала, Јувентус со минимална победа цврсто на врвот (видео)

Paulo-Dybala-Juventus

Во воведниот натпревар од 29. коло во Серија А, Јувентус дојде до минимална победа со прекрасниот погодок на Аргентинецот Пауло Дибала против незгодниот Сасуоло, со што „старата дама“ му избега 6 бодови на Наполи кој во недела гостува кај Палермо.

Одличен натпревар на „Деле Алпи“ уште од самиот почеток, Јувентус беше офанзивно расположен, креираше неколку извонредни шанси за гол.

Гостинскиот голман Консилји спречи сигурен гол уште во првата минута по одличниот удар на Дибала.

Свои шанси имаа и Алекс Сандро и Кедира, но сепак оваа вечер беше на Дибала, мрежата на Сасуоло беше затресена во 36. минута по извонредниот шут на расположениот Аргентинец, кој го постигна еден од најубавите голови сезонава.

Гостите запретија преку Данкан, кој после повратната топка одлично биеше, но сепак само покрај голот.

Во продолжение, Јувентус искусно ја чуваше предноста, јасно беше дека домаќинот е задоволен и со минимален триумф, без да се форсира со оглед на тоа што во среда ги очекува тешко гостување во Минхен, каде со Баерн ќе го одигра реванш натпреварот од 1/8-финалето во Лигата на Шампиони.

Во 86. минута Сансоне за миг ги замрзна трибините по одличниот шут, но Буфон изреагира уште подобро и спречи израмнување на резултатот. Буфон вечерва го сруши рекордот на Дино Ѕоф – најдолго несовладан голман на голот на Јувентус, a само уште три минути му фалат за апсолутниот рекорд во италијанскиот фудбал. Шанса за тоа ќе има во градското дерби против Торино наредниот викенд и со тоа ќе го надмине поранешниот голман на Милан, Себастијан Роси.

 

Распоред на другите натпревари од 29. коло во Срија А:

Сабота:

Емполи – Сампдорија 18:00
Интер – Болоња 20:45

Недела:

Киево – Милан 12:30
Карпи – Фрозиноне 15:00
Фиорентина – Верона 15:00
Џенова – Торино 15:00
Удинезе – Рома 15:00
Лацио – Аталанта 20:45
Палермо – Наполи 20:45

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top