| четврток, 6 декември 2018 |

Може ли некој да им парира на Французите на ЕП?

france-didie-deshamp

Ако погледнеме со каков играчки кадар располага францускиот селектор Дидие Дешамп, би било вистинско изненадување ако „галските петли“ не го освојат престојното Европско првенство на кое се домаќини.

Можеби е рано за прогнозирање, но Франција дефинитивно е најголемиот фаворит за титулата на европски шампион.

Две причини ја поткрепуваат оваа констатација. Првата е тоа што има силен состав, а втората е тоа што ги има освоено последните две големи натпреварувања кои се одржувале на нејзино тло – Европското првенство во 1984 и Светското првенство во 1998 година.

Селекторот на „триколорите“ ги има на располагање Лорис, Кошчелни, Варан, Евра, Сања, Матуиди, Погба, Паје, Марсијал, Гризман, Жиру, Валбуена, Бен Арфа, Дијара, Шнајдерлинг, Кабаје, Лаказет, Фекир, Сисоко, Жале, Дебуши, Сако, Мангала, Лемар, Енкуду, Жињак, Кондогбија, Лапорте, Коман, Рабиjе, Дембеле, Бензема…

france-team-ep2016

 

Титулата европски шампион ќе ја бранат Шпанците, а покрај нив и домаќинот, како фаворити се издвојуваат и актуелниот светски шампион Германија, а тука се и Белгија и Италија, чии подмладени национални тимови се во подем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top