| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн и Коби за последен пат се сретнаа еден против друг (видео)

kobi i lebron

Последен пат еден против друг на професионален план силите ги одмерија легендарните Коби Брајант и Леброн Џејмс.

Коби сезонава се збогува од НБА кошарката, патувајќи од една до друга арена, а синоќа имаше можност последен пат да игра против Џејмс. Неговите Лејкерс кои ја играат една од најслабите сезони во историјата, не можеа да парираат на Кливленд кој славеше со 120-108 во „Стејплс центарот’.

Леброн мечот го заврши со 24 поени и пет скока и седум асистенции, додека Коби на спротивната страна постигна 26 поени со пет скока и две асистенции.

Ова беше 22 дуел на двајцата великани на НБА кошарката. Интересно, никогаш меѓу себе не играле во некој од натпреварите од доигрувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top