Уметницата Татјана Манева од Ликовниот симпозиум за сликарство во Хунан во НР Кина доби признание „Уметник на неделата“.
Ликовниот симпозиум за сликарство во Хунан во НР Кина ја организираше нејзината изложба во галеријата Ка Кее во Хонг Конг. Поради голема посетеност на отворањето на изложбата, организаторите ја продолжиле соработката со авторката и нејзината изложба ќе биде поставена до утре, 11 март.
Слики од Манева се изложени во галеријата заедно со дела на уметници од Европа, Австралија и Азија. На изложбата, која беше отворена на 5 февруари, Манева учествува со дела од нејзиниот последен циклус „Остров“.
Станува збор за 12 пејзажи и актови изработени во комбинирана техника, во кои таа ја истражува мистеријата на духовното и материјалното и релацијата помеѓу човекот и природата. Македонската публика имаше можност да ги види сликите од овој циклус минатата година во Младинскиот културен центар во Скопје.
Инаку, ова е нејзина 27-ма самостојна изложба. Досега таа има изложувано во Париз, Берлин, Амстердам, Њујорк и во земјите од соседството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.