Синоќа во НБА лигата беа одиграни само четири натпревари. За одбележување е новата победа на Сан Антонио над Чикаго од 109-101, што е 40.победа по ред на домашен паркет. Избраниците на Грег Попович, исто така, дојдоа до 55-та победа сезонава забележувајќи најдобар скор по 65 натпревари во историјата.
Најдобар во победата на Сан Антонио беше Каваи Ленард со 29 поени и седум скока, Ламаркус Олдриџ дополни со 26 поени и дест скока, а Тони Паркер имаше 20 поени и 12 асистенции.
На спротивната страна, По Гасол имаше 21 поен и 12 скока, додека Дерик Роуз запиша ист број поени и шест асистенции.
Торонто стигна до 43-та победа од почетокот на сезоната, славејќи рутински над Атланта со 104-96. Повторно предводник на „репторс“ беше Демар Дерозан со 30 поени и пет скока.
НБА резултати:
Торонто – Атланта 104-96, Сан Антонио – Чикаго 109-101, Денвер – Феникс 116-98, ЛА Лејкерс – Кливленд 108-120.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)