| четврток, 6 декември 2018 |

Замина Прле, доајенот на српското глумиште

Беше вистинско олицетворение на полнокрвен белградски фраер, слаб како стап, а со движења на мачка. Така Момо Капор го опишуваше Драган Николиќ, легендарниот српски актер, кој починува утрово по долго и тешко боледување.

„Но и кога косата му стана бела, а носеше брада, тој повторно беше дете-маж, пораснато во белградски шармер“ го опишуваше Капор Николиќ.

514134_dragan-nikolic-foto-mitar-mitrovic_f

Има актери што во младоста се исклучително згодни, а потоа грдо стареат, но на Николиќ годините му одеа во прилог. Не се знаеше што е попривлечно на него – глас, насмевка или само достоинствената појава. Тој секогаш беше шмекер со карактер на господин.

Беше опасно заводлив како Влах Алија во „Бановиќ Страхињa“, по неговиот лик Урке во „Последниот круг во Монца“ сите ги сакаа лошите момци, а во „Нешто помеѓу“ ги увери гледачите дека и непоправливите мангупи може да се вљубат. Во време на огромна популарност на „Отпишани“ Тихи и Прле ги повикуваа само да се поклонат на публиката на естрадните доделувања на награди додека зад нив оди шпицата од серијата. Девојките врескаат, жените се среќни, а тој?

– Никогаш не се чувстував и не се доживував како шармер – изјави тој еднаш.

Во случајот на Николиќ, и веројатно само во неговиот, мажите и жените еднакво го сакаа.

Но, таа огромна популарност не влијаше на Николиќ. Тој остана момчето вљубено во Ада Циганлија и цел живот со една жена, Милена Дравиќ.

milena-dravic-i-dragan-nikolic

Во „Балкан експрес“ беше Попај, во „Отпишаните“ како Прле се бореше против Германците. Во една од последните улоги во филмот „Се гледаме, Монтевидео“ ја толкуваше улогата на првиот претседател на ФИФА.

Драган Николиќ е роден 1943 година во Белград. Откако завршил основно училиште, се запишал на Четиринаесетта белградска гимназија и  не ја завршил бидејќи го преместиле во Економското училиште. По две години, полагал приемен испит на Академијата за театар, филм, радио и телевизија и со тоа на 17-годишна возраст станал најмладиот студент. Дипломирал на Факултетот за драмските уметности во Белград.

Првата улога на филм ја остварил во 1964 година во филмот „Вистинската состојба на работите“ (Pravo stanje stvari), а првата поголема улога ја остварил во филмот на Живоин Павловиќ „Кога ќе бидам мртов и бел“ (Kad budem mrtav i beo) од 1967 година. За оваа улога е награден на фестивалот во Пула една година подоцна.

Добитник е и на Октомвриска награда во 1985 година. Во текот на својата богата кариера има играно во повеќе од 30 филмови и има снимено и кратки играни филмови.

Во 2000 година доделена му е наградата „Павле Вуисиќ“ што се доделува на актери за животно дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top