| четврток, 6 декември 2018 |

Милијардер што се облекува на пазар

Основачот и сопственикот на познатата шведска фирма „Икеа“, Ингвар Кампрад, изјави дека целата својата облека ја купува на пазар со цел да заштеди пари.

Во документарната емисија, која беше емитувана на шведскиот канал ТВ 4, дури и рече дека сè што има и целата облека што ја носи е купена на пазар.

Овој деведесетогодишен милијардер, кој е четврто место на листата на „Форбс“ на најбогати луѓе во светот, познат е по својата штедливост, и вели дека тоа го прави за да им даде добар пример на другите, но и дека таквиот негов став помогнал „Икеа“ да стане врвно светско име.

Неговото богатство се проценува на околу 65,5 милијарди евра, но тешко е да се потврди што точно му припаѓа нему, што на неговото семејство, а што на неговата семејна фондација, која е регистрирана во Лихенштајн, држава позната по даночни олеснувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top