| четврток, 6 декември 2018 |

Запознајте го најмладиот милијардер на светот кој сам го стекнал богатството (видео)

Џон Колисон(27) од Ирска е најмладиот милијардер на светот, кој своето богатство го заработил сам.

Колисон заедно со својот 29-годишен брат Патрик, ја основал софтверската компанија „Stripe”, за која повеќето луѓе воопшто не слушнале.

Основана во 2011. година, „Stripe” не е претерано позната затоа што не продава работи кои потрошувачите ги купуваат. Софтверските системи им овозможуваат на клиентите ширум светот полесно да го завршуваат он-лајн плаќањето и да ги водат своите веб страни.

Со над 100.000 клиенти, се проценува дека компанијата вреди скоро 8 милијарди евра.

Браќата Колисон се од руралниот дел на Ирска, а и двајцата го напуштиле тамошниот факултет.

Уште како тинејџери биле заинтересирани за компјутерски програми. Патрик се пријавил на студии по математика на престижниот универзитет во Масачусетс. Две години подоцна, Џон бил примен на Харвард.
„Луѓето често ме прашуваат колку сум богат и чувствувам дека секогаш сакаат да слушнат некој интересен одговор – а јас немам што да им кажам”- вели Колисон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top