Екипата на Луверпул во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа на „Енфилд Роуд“ сосема заслужено славеше победа над Манчестер јунајтед во англиската пресметка со 2-0.
Црвените“ максимално мотивирано влегоа во натпреварот и во првото полувреме целосно го надиграа противникот. Резултатот гласеше само 1-0 по пеналот на Стариџ, но мора да се истакне дека Де Хеа имаше три извонредни интервенции, запирајќи ги обидите на Кутињо, Фирмино и Лалана. Јунајтед заигра нешто подобро во вториот дел, но сепак Ливерпул беше тимот што го постигна и вториот погодок, овојпат преку Фирмино по несебичната асистенција на Лалана.
Вилјареал ќе патува на реваншот против Баер Леверкузен со предност од два гола откако вечерва ги совлада „фармацевтите“ со 2-0. Стерелец на двата гола за домаќините беше Бакамбу со по еден гол во двете полувремиња.
Атлетик Билбао во шпанското дерби на очаен терен за игра ја совлада Валенсија со 1-0 благодарение на Раул Гарсија.
Во последниот осминафинален натпревар Спарта Прага и Лацио заврши без победник, 1-1. Стрелци на головите беа Фридек и Пароло уште во првото полувреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.