Позитивниот тренд на намалување на невработеноста од 2015, продолжува и оваа година, вели Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори.
-Ова се позитивни сигнали, од 25,5 проценти невработеност, сегашните податоци се 24,6. Ставот на Сојузот на стопански комори е дека резултат на намалување на оваа невработеност е пред се на активноста на домашните компании преку нивните развојни и инвестициони проекти, значи вработуваат граѓани, потоа странските директни инвестиции кои се отвораат и отпочнуваат со работа во Македонија и соработката на домашните компании со странските инвеститори исто така придонесува за зголемување на вработеноста, истакна Алексов.
Домашните компании ги користат активните мерки за вработување, вели Алексов и додава дека, значаен фактор за намалување на невработеноста е и проектот за самовработување, кој има значителен придонес во овој сегмент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)