| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Груев, изумител на специјални очила што ги откриваат клетките на тумурот: Сакам оваа технологија да се донесе во Македонија

Се раз­би­ра, ко­га мо­ја­та тех­но­ло­ги­ја ќе се ко­мер­ци­ја­ли­зи­ра, са­кам Ма­ке­до­ни­ја да би­де ед­на од пр­ви­те др­жа­ви во кои ќе се при­ме­ну­ва и да слу­жи ка­ко ре­фе­рен­тен цен­тар за дру­ги ме­ста, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ про­фе­со­рот Гру­ев

Ма­ке­до­не­цот Ви­ктор Гру­ев ве­ќе осум го­ди­ни е про­фе­сор на Уни­вер­зи­те­тот „Ва­шин­гтон“ во Сент Лу­ис, Ми­су­ри во САД ка­де што пре­да­ва два пред­ме­та: ди­ги­тал­на еле­ктро­ни­ка и ви­де­о­ка­ме­ри за ме­ди­цин­ска при­ме­на. Охри­ѓа­не­цот Гру­ев во САД жи­вее ре­чи­си 25 го­ди­ни. Уште ка­ко гим­на­зи­ја­лец до­шол во Аме­ри­ка со про­гра­ма­та на раз­ме­на на уче­ни­ци и оста­нал да сту­ди­ра и до де­нес жи­вее та­му. Про­фе­со­рот Гру­ев е изу­ми­тел на спе­ци­јал­но ди­зај­ни­ра­ни­те очи­ла со кои се гле­да­ат кле­тки­те на ту­мо­рот за  вре­ме на опе­ра­ци­ја­та. Овој про­нај­док е ви­стин­ска ма­ла ре­во­лу­ци­ја во свет­ска­та ме­ди­ци­на би­деј­ќи овоз­мо­жу­ва пре­циз­но от­стра­ну­ва­ње са­мо на за­бо­ле­ни­те кле­тки и за­чу­ву­ва­ње на здра­во­то тки­во.

За неговиот пронајдок прилог објави и телевизискиот канал „Нешенал џиографик“.

6ce40ca473ef510f24fbc7453f694e63_XL

Кол­ку вре­ме ра­бо­те­вте на про­нај­до­кот?

ГРУЕВ: Пред че­ти­ри-пет го­ди­ни поч­нав со на­уч­на со­ра­бо­тка со гру­па врв­ни на­уч­ни­ци од по­ле­то на мор­ска би­о­ло­ги­ја. Со­ра­бо­тка­та со нив ме од­ве­де на го­ле­ми­от ко­ра­лен гре­бен на остро­вот Ли­зард. Та­му поч­нав­ме со под­мор­ски истра­жу­ва­ња за да доз­на­е­ме што по­ве­ќе за скри­е­ни­от свет на гре­бе­нот, кој по­ле­ка ис­чез­ну­ва пред на­ши­те очи по­ра­ди гло­бал­но­то за­топ­лу­ва­ње. Во рам­ки на тие истра­жу­ва­ња дој­дов до но­ви соз­на­ни­ја за тоа де­ка раз­ни жи­вот­ни мо­жат да ви­дат по­ве­ќе ви­зу­ел­ни ин­фор­ма­ции откол­ку нај­со­вре­ме­ни­те ка­ме­ри, кои има­ат врв­на тех­но­ло­ги­ја. Ед­но­став­но, при­ро­да­та на ево­лу­ти­вен на­чин има дој­де­но до оп­ти­мал­но ре­ше­ние и спро­ве­ду­ва­ње на де­те­ктор, на­но­стру­кту­ри и дру­ги оп­тич­ки еле­мен­ти во очи­те на овие жи­вот­ни. Најм­но­гу ме фас­ци­ни­раа ма­ли­те мор­ски рак­чи­ња. Овие жи­вот­ни има­ат еден од нај­со­фи­сти­ци­ра­ни­те ви­зу­ел­ни си­сте­ми во жи­во­тин­ски­от свет. Има­ат по­ве­ќе од 16 фо­то­ре­цеп­то­ри за бо­ја. Во спо­ред­ба со на­ши­от ви­зу­е­лен си­стем, кој ко­ри­сти три ре­цеп­то­ри, нив­ни­от ви­зу­е­лен си­стем мо­же да раз­ли­ку­ва ма­ли ни­јан­си на цр­ве­на или дру­га бо­ја, кои за нас не­ма­ат раз­ли­ка. Ед­на до­пол­ни­тел­на ди­мен­зи­ја во нив­ни­от ви­зу­е­лен си­стем е и тоа што мо­жат да ди­скри­ми­ни­ра­ат по­ла­ри­за­ци­ја на свет­ли­на. Ед­но­став­но ка­жа­но, овие жи­вот­ни има­ат че­ти­ри чи­фта очи­ла за по­ла­ри­за­ци­ја, кои ги ко­ри­стат за ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу се­бе. Та­ка поч­нав со раз­вој на но­ви ка­ме­ри што мо­жат да ја „ви­дат” по­ла­ри­за­ци­ја­та на свет­ли­на­та и овие сен­зо­ри го ко­пи­ра­ат ди­зај­нот што при­ро­да­та го до­ве­ла до оп­ти­мум со ми­ли­о­ни го­ди­ни ево­лу­ци­ја. Ко­ри­сти­ме раз­ни на­но­ма­те­ри­ја­ли за да се на­пра­ват овие се­но­зри. Ко­га ги на­пра­вив­ме овие но­ви ви­де­о­ка­ме­ри со ти­мот што го со­чи­ну­ваа мо­и­те сту­ден­ти на до­ктор­ски на­у­ки, поч­нав по­тра­га по но­ви примени во ме­ди­ци­на­та. И ту­ка поч­на ед­но но­во и мно­гу ин­те­рес­но откри­тие. Овие сен­зо­ри ни овоз­мо­жи­ја да ги ди­фе­рен­ци­ра­ме кан­це­ро­ге­ни­те кле­тки од здра­ви­те, да ги про­у­чи­ме ме­ха­нич­ки­те стру­кту­ри кај ли­га­мен­ти­те и те­ти­ви­те и дру­га при­ме­на. На при­мер, со мо­ја­та ка­ме­ра за по­ла­ри­за­ци­ја мо­же да се пред­ви­ди ко­га Ахи­ло­ва те­ти­ва мо­же да се ски­не. Овие на­уч­ни истра­жу­ва­ња ги об­ја­вив­ме ми­на­та­та го­ди­на во глав­но­то из­да­ние на Ин­сти­ту­тот за ин­же­не­ри по еле­ктро­тех­ни­ка и еле­ктро­ни­ка, „Про­си­дингс оф д ИЕЕЕ“ (Proceedings of the IEEE). Во рок од ед­на не­де­ла по­ве­ќе од еден ми­ли­он лу­ѓе имаа ко­мен­ти­ра­но за овој на­пис низ цел свет. Ед­но­став­но, овие откри­ти­ја ста­наа до­стап­ни на со­ци­јал­ни­те мре­жи. По­ра­ди вли­ја­ни­е­то што го има овој труд во на­у­ка­та, до­бив на­гра­да за нај­до­бар на­пис на Ин­сти­ту­тот за ин­же­не­ри по еле­ктро­тех­ни­ка и еле­ктро­ни­ка. Таа на­гра­да ќе ми би­де до­де­ле­на во Мон­тре­ал, Ка­на­да, во мај го­ди­на­ва.

1 (Custom)

Д-р Груев во друштво со еден од студентите кој ги завршил докторските студии

Ка­ко овие ка­ме­ри ќе им по­мог­нат на хи­рур­зи­те?

ГРУЕВ: За да мо­же­ме да ги ди­фе­рен­ци­ра­ме здра­ви­те од кан­це­ро­ге­ни­те кле­тки, ко­ри­сти­ме ед­на мно­гу ос­нов­но својс­тво на свет­ли­на­та – тоа е по­ла­ри­за­ци­ја. По­ла­ри­за­ци­ја на свет­ли­на­та, што ние не мо­же­ме да ја ви­ди­ме со на­ши­те очи, е клуч­на за овие ис­пи­ту­ва­ња. Ко­га свет­ли­на­та ќе се од­бие од да­де­но­то тки­во, свет­ли­на­та се по­ла­ри­зи­ра.  Сте­пе­нот на по­ла­ри­за­ци­ја е по­ка­за­тел за тоа кол­ку е здра­во тоа тки­во. Ако тоа тки­во е кан­це­ро­ге­но, пре­кр­ше­на­та свет­ли­на ќе би­де по­и­на­ква откол­ку кај здра­во­то тки­во. Ова овоз­мо­жу­ва да се раз­ли­ку­ва здра­во­то тки­во од тки­во­то за­ра­зе­но од кан­цер.

4 (Custom)

Го­ле­ми­от ко­ра­лен гре­бен на остро­вот Ли­зард

Да­ли ве­ќе ра­бо­ти­те на не­кој нов про­нај­док?

ГРУЕВ: Се­кој ден е ис­пол­нет со но­ви соз­на­ни­ја и пре­диз­ви­ци. Во мо­мен­тов имам осум сту­ден­ти на до­ктор­ски сту­дии и се­кој има по­себ­на те­ма на истра­жу­ва­ње. Ра­бо­там на раз­вој на сен­зо­ри што ќе овоз­мо­жат откри­ва­ње на нерв­ни актив­но­сти во мо­зо­кот на жи­вот­ни без да ко­ри­сти­ме то­кси­чен флу­о­рес­цен­тен мар­кер. По­тоа на но­ви ен­до­скоп­ски ин­стру­мен­ти, кои ќе овоз­мо­жат пре­поз­на­ва­ње ту­мо­ри и нер­ви исто­вре­ме­но. Тоа се ми­кро­скоп­ски ин­стру­мен­ти, кои ќе се ко­ри­стат при опе­ра­ции на мо­зоч­ни ту­мо­ри. Ра­бо­там и на ка­ме­ри за под­вод­ни истра­жу­ва­ња, по­тоа за по­до­бру­ва­ње на  плод­но­ста на жи­то­то и дру­го.

2 (Custom)

Во Португалија на Конгрес на електро-инженери

 Ка­ко ја гле­да­те ид­ни­на­та на на­у­ка­та?

ГРУЕВ: За ме­не, на­у­ка е не­раз­де­лив дел од жи­вот. Ни овоз­мо­жу­ва да има­ме по­до­бар и по­долг жи­вот, да жи­ве­е­ме по­ква­ли­тет­но, да мо­же­ме да ко­му­ни­ци­ра­ме со се­ко­го во се­кое вре­ме. Мно­гу е важ­но да се ин­ве­сти­ра во на­у­ка. Тоа не зна­чи са­мо ин­ве­сти­ци­ја во на­уч­ни про­е­кти, ту­ку ин­ве­сти­ци­ја во це­ла­та еду­ка­ци­ја од нај­ра­на во­зраст. Мно­гу е важ­но да се пот­тик­ну­ва мла­ди­от свет да раз­мис­лу­ва над­вор од рам­ки­те, да би­де кре­а­ти­вен. Тоа зна­чи кол­ку што се важ­ни при­род­ни­те на­у­ки во еду­ка­ци­ја­та, тол­ку е важ­на и ли­те­ра­ту­ра­та, оп­штес­тве­ни­те на­у­ки. Са­мо то­гаш ќе има­ме ре­во­лу­ци­о­нер­ни откри­ти­ја во на­у­ка­та.

Не­кол­ку па­ти има­вте и пре­да­ва­ње во Скоп­је и во Охрид. Има­ше ли за­ин­те­ре­си­ра­ност и ка­ко по­ми­наа пре­да­ва­ња­та?

ГРУЕВ: Има­ше го­ле­ма за­ин­те­ре­си­ра­ност и поч­нав не­кол­ку со­ра­бо­тки со Ма­ке­до­ни­ја. Го­лем број мла­ди сту­ден­ти кон­та­кти­раа со ме­не за со­ве­ти за сту­дии над­вор и за про­дол­жу­ва­ње со нив­на­та еду­ка­ци­ја. Се на­де­вам де­ка дел од мо­и­те из­ла­га­ња ги мо­ти­ви­раа мла­ди­те за на­уч­ни ис­пи­ту­ва­ња. Да се ко­ре­ги­ран, на­у­ка­та не е про­фе­си­ја – на­у­ка­та е па­си­ја. И тоа за­раз­на па­си­ја и се на­де­вам де­ка пуб­ли­ка­та има­ше мож­ност да ја по­чув­ству­ва.

3 (Custom)

На Конгресот во Португалија д-р Груев со тимот освои две награди

Да­ли Ва­ши­те ид­ни пла­но­ви се по­вр­за­ни со Ма­ке­до­ни­ја?

ГРУЕВ: Че­сто раз­мис­лу­вам ка­ко мо­же да се до­не­се оваа тех­но­ло­ги­ја и истра­жу­ва­ња во Ма­ке­до­ни­ја. Се на­де­вам де­ка еден ден ќе има­ме на­у­чен цен­тар во Ма­ке­до­ни­ја, кој ќе овоз­мо­жи ин­тер­на­ци­о­нал­ни со­ра­бо­тки и во кој јас би учес­тву­вал актив­но. Од стра­на на ме­ди­цин­ски­те истра­жу­ва­ња, са­кам што по­ско­ро да се до­не­се оваа тех­но­ло­ги­ја во Ма­ке­до­ни­ја. По­треб­на е под­др­шка од Вла­да­та, ка­ко и бли­ска со­ра­бо­тка со фа­кул­те­ти­те и со Кли­нич­ки­от цен­тар за да мо­же да фор­ми­ра­ме единс­тве­на гру­па на истра­жу­ва­ње. Се раз­би­ра, ко­га мо­ја­та тех­но­ло­ги­ја ќе се ко­мер­ци­ја­ли­зи­ра, са­кам Ма­ке­до­ни­ја да би­де ед­на од пр­ви­те др­жа­ви во кои ќе се при­ме­ну­ва и да слу­жи ка­ко ре­фе­рен­тен цен­тар за дру­ги ме­ста.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: при­ват­на ар­хи­ва

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top