Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2015 година е 3,9 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите градежништво (33,7 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (14,9), стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности (14,3) и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,5 проценти).
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2015 година номинално расте за 3 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66,5 отсто.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување од 12,6 проценти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.