Германската канцеларка и една најмоќните жени во светот, Ангела Меркел, организираше свечен прием за европските шампиони, ракометарите на Германија.
Дека тие се сосема нормални луѓе и не се никакви ѕвезди надвор од терените покажа и тоа што си дозволија да се забавуваат на сметка на Меркел!
Додека траеше свеченото фотографирање неколку од нив почнувајќи од Уве Генсхајмер се обидоа да го имитираат начинот на кој таа ги држи рацете. Тие ги споија палците и показалците во неправилен триаголник исто како Меркел, а тоа одекна силно на социјалните мрежи.
На средбата не изостана ниту траиционалното селфи, кое беше многу поопуштено и без стандардната поза на Меркел, а канцеларката доби и дрес со своето име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)