| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случи со младата девојка од скопски Аеродром?!

policiska-lenta-640x405

Што се случи со младата девојка од скопски Аеродром?! Вчера излезе информација дека млада девојка паднала од 9 спрат од зграда во Аеродром. Се претпоставуваше дека девојката се фрлила. Тоа се случило околу 11 часот напладне.

Неколку часа претходно на фејсбук профилот на девојката позитивна порака – таа објавила фотографија со јадење и пиење на маса со коментар – убаво ни е…

stefi

Либертас објави дека мајката на 20-годишната девојка која се фрли од покрив на зграда изјавила дека нејзината ќерка била силувана од таксист.

Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома. Слушнав како вреска ноќеска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрово, ете, без да забележам се реши на најстрашното – рекла за Либертас мајката на 20-годишната Стефани.

МВР денеска демантираше – нема пријавено силување во скопски Аеродром.

Телеграф пак излезе со информација:

Дваесет и едногодишната девојка што се самоуби вчера во скопски Аеродром неколку часа претходно се превезувала со такси-возило до својот дом, каде што и го изврши самоубиството. Во медиумите се појавија информации дека била силувана, но од полицијата тврдат дека такво дело воопшто не е пријавено кај нив. Она што официјално се дознава од полициските извори е дека такси-возачот пријавил дека бил физички нападнат во моментот кога ја оставил патничката.

Такси-возачот Ј.С. (53) вчера попладне околу 15:35 часот пријавил дека на 9 март во 4:30 часот на ул. „Коста Новаковиќ“, додека симнувал патник од своето такси-возило, бил физички нападнат од страна на А.З. (39) од Скопје.

Од МВР за нападот врз таксистот велат:

„Тој бил удиран со боксови и клоци по главата и по телото, па има видливи повреди во вид на модринки и отоци, расеченица на левата аркада и расеченица на задниот дел од главата. Потоа напаѓачот побегнал во непознат правец со патничко моторно возило „опел“ со непознати регистарски ознаки. Во полициска станица е направен записник за примање пријава од страна на полициски службеник, а поднесен е и записник за констатиран прекршок од законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Физичкиот напад е расчистен“, се вели во полицискиот дневен билтен.

Момчето на мајката на девојката, пак, кој случајно или не, има исти иницијали со напаѓачот од случајот со претепаниот таксист на својот фејсбук профил објави статус дека тој постира фотографии од девојката на профилот на мајката, зашто мајката е на инфузија.

Се очекуваат резултати од обдукцијата. Зошто мајката измислила дека пријавила силување,
или зошто не пријавила силување, ако се случило?! Дали МВР има земено изјава од мајката за нејзиното тврдење за таксистот?! Одговор на ова прашање сѐ уште нема. Зошто момчето на мајката го претепал таксистот?

Новите детали од МВР погледнете ги на следниот линк.

 

Накратко:

9 март 4:30 наутро – таксист ја носи девојката дома, таксистот е претепан од А.З.

9 март 7:01 наутро – Девојката на фејсбук објавува фотографија од храна и пиење со коментар – Убаво ни е.

9 март 11 претпладне – Девојката паѓа од кров на зграда, постои сомневање дека се работи за самоубиство.

9 март 15:35 часот – Такситот пријавува дека бил нападнат

10 март 00:58 – Либертас објавува изјава на мајката дека девојчето било силувано од таксист

10 март 11:00 претпладне – МВР демантира дека имало пријава за силување

10 март 13:00 часот– МВР испраќа информација дека е нападнат таксист во скопски Аеродром, медиумите нападот го поврзуваат со девојката. Иницијалите на напаѓачот се совпаѓаат со иницијалите на момчето на мајката на девојката.

10 март 15:09 часот – МВР ја потврди информацијата дека претепаниот таксист е возачот кој ја донел дома девојката која следниот ден падна од зграда.

10 март 19:17 часот – Основното јавно обвинителство соопшти дека според првичните резултати од обдукцијата добиени од Медицинскиот Институт на телото на покојната девојка не се констатирани траги на насилен сексуален однос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top