Прв на листата на желби за следната сезона на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е напаѓачот на Борисија Дортмунд Пјер-Емерик Обамејанг.
Според шпанскиот весник „АС“, Габонецот веќе се согласил да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и сега останува двата клуба да се договорат за обештетувањето. Шпекулациите велат дека Реал Мадрид е подготвен да плати од 90 до 100 милиони евра за да го доведе напаѓачот во своите редови.
Од раководството на Борусија Дортмунд велат дека засега не добиле никаква официјална понуда од Реал Мадрид, ниту пак овој клуб се распрашувал за нивниот напаѓач. Обамејанг сезонава на 37 натпревари во сите конкуренции има постигнато 32 погодоци, па и нормално што „кралевите“ се заинтересирани за неговите услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)