Веќе нема да има преговори на работните групи за медиумите, потврдуваат од кабинетот на белгискиот посредник, Питер Ванхауте. Оттаму информираат дека се разгледуваат други алтернативи, но станува очигледно дека средбите ќе бидат ставени во мирување до изборите на 5 јуни.
-Ве известуваме дека во овој момент, за жал, не е возможно да продолжат средби за медиумите во форматот во кој досега се одвиваа преговорите, каде што се обидувавме да постигнеме консензус по различните предлог-амандмани. Во секој случај, сѐ уште разгледуваме различни алтернативни опции за да се дојде до согласност меѓу соодветните страни, соопштуваат од кабинетот на Ванхауте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.