Шпанскиот тренер Рафа Бенитез кој имаше неуспешна одисеја во „кралскиот“ Реал Мадрид и беше отпуштен на почетокот на оваа година, ќе се врати во Премиер лигата каде ги имаше своите најголеми успеси во кариерата.
Тој треба да го наследи Стив Мекларен на клупата на Њукасл кој се очекува денеска да добие отказ од управата на клубот. Причината за отказот на Мекрален е што екипата има пет порази на последните шест натпревари во Премиерлигата, што го турна тимот дури на 19-тото место на табелата Со оглед на квалитетот во составот и многуте милиони фунти инвестирани на трансфер-пазарот, ова не се резултати кои раководството на Њукасл го очекуваше од тимот.
Некои шпански медиуми веќе објавија дека Бенитез ќе потпише тригодишен догово со Њукасл без разлика дали ќе успее да го спаси тимот од испаѓање сезонава. До крајот на Премиерлигата има уште 10 натпревари, а конкуренцијата на Њукасл се Сандерленд и Норвич, ако се знае дека Астон Вила веќе со една нога е во Чемпионшип лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период