| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Не сум задоволен, можеме многу подобро

Chelsea FC vs Paris Saint-Germain

ПСЖ се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но изненадувачки творецот на победа во реваншот во Лондон против Челси Златан Ибрахимовиќ, не е комплетно задоволен од изданието на својот тим.

Французите триумфираа со идентични 2-1 и на „Стемфорд бриџ“, а Ибра вели дека има простор за подигнување на квалитетот на играта.

– Одигравме стабилно, бевме трпеливи, постигнавме два гола што е сосема доволно за победа. Се на се, одигравме како што сакавме, но не беше лесно и затоа мора да внимаваме. Не велам дека играме лошо, но мора да се подобриме. Уште не сме задоволни целосно, од тоа како изгледаме на теренот – вели Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top