Маја е најбогатата тинејџерка на светот, а тоа можеше да се види на прославата на нејзиниот петнаесетти роденден.
За прославата на нејзиниот роденден биле ангажирани Питбул и Ник Џоунс, додека на позната шминкерка која ги разубавувала гостите било потрошено вистинско богатство. Ова не е обична прослава на роденденот.
Маја Хенри е една од најбогатите тинејџерки на светот и за прославата на нејзиниот „среќен ден“ родителите не штеделе.
Просторот бил декориран со ѕид од рози, фонтана, специјално дизајнирана стаклена градина во која летаа пеперутки пуштени од специјални кутии.
Маја носела дизајниран фустан со потпис на Роланд Сантан, додека ја разубавувал Патрик Та, шминкер кој работи кај Кардашијан.
Таткото на Маја, адвокатот Томас Џеј Хенри, ангажирал 150 луѓе да ја организираат забавата за неговата миленичка.
-Тоа беше неверојатна ноќ, никогаш нема да ја заборавам. Премногу сум им благодарна на сите кои дојдоа на прославата како и на моите родители кои ми ги исполнија сништата – изјавила славеничката.
Целиот настан го обезбедувала полицијата во специјални, блиндирани возила, а семејствотот на забавата пристигнало со девет Ролс Ројс автомобили.
Самата Маја е повеќе од позната. Таа секојдневно споделува фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм, а на тие фотографии позира со светски познати пејачки, актерки, богаташи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)