Судскиот процес за „Диво Насеље“ продолжува денеска со сослушување нови сведоци.
На последното судско рочиште завчера, пред Судот, покрај жители од кумановската населба, сведочеа полицаец и командир од полициската станица „Пелинце“. Сведоците беа предложени од страна на обвинителството.
Во случајот „Диво Насеље“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.