| четврток, 6 декември 2018 |

Бенфика и ПСЖ се во четврфиналето, идентични резултати во Санкт Петербург и Лондон (видео)

Chelsea FC vs Paris Saint-Germain

Екипите на ПСЖ и Бенфика се следните патници во четвтфиналето од најелитното фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.
Двата клуба имаа предност по првите натпревари одиграни на домашен терен, но супериорност над противниците Челси и Зенит ја покажаа и во реваншите на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон и „Петровски“ во Санкт Петербург.

Пари Сен Жермен одигра уште еден мастрален натпревар по првата победа на „Паркот на принцовите“ против Челси со 2-1 и со идентичен резултат но овој пат во Лондон со 1-2 заслужено се пласираше во четврфиналето.
Ибрахимовиќ и другарите уште еднаш потврдија дека се пресилен состав, во моментов, за еден ваков Челси кој игра далеку под нивото од минатата сезона.

На дуелот во Лондон, францускиот тим поведе уште во 16. минута со голот на Рабио. Диего Коста израмни во 27. минута, но сите надежи на „сините“ ги сруши Златан Ибрахимовиќ со погодокот во 67. минута.

Се чини далеку поинтересен според текот на резултатот беше натпреварот во Санкт Петербург. Бенфика допатува со минимална предност од 1-0 по првиот натпревар. Зенит иако ја немаше иницијативата од почетокот на мечот поведе со 1-0 со голот на Хулк со 69 минута и со тоа ја анулираше предноста на противникот. Сепак португалскиот тим заслужено се најде меѓу осумте најдобри екипи на стариот континент благодарејќи на двата гола во финишот. Гаитан успешно стрелаше во мрежата на Зенит во 85 минута, а конечните 1-2 ги постави Талиска во шестата минута од судиското продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top