| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Невина и на 109 години – кои се најстарите девици на светот?

Најстарата девица во светот има 109 години, најстариот маж пак, 60. Има и такви кои се во брак, но се уште брачно не се „запознале“, а има и таков кој веќе има неколку деца, но не ги направил по природен пат.

Накратко кажано, на светот има секакви луѓе, а ова се само дел од најстарите жители на планетата кои сеуште немале сексуално искуство.

Пем Шо – 70 

Минатата година 70-годишната Пем Шо со целиот свет ја сподели својата интимна приказна. На 70 години одлучи да го пронајде мажот со кого ќе ја изгуби невиноста. Оваа кабаре-пејачка била посветена на кариерата, не се мажела, а не го поддржува ни сексот пред брак.

Клара Мидмор – 109 

Клара Мидмор е среќна што целиот живот апстинира од секс.

– Секогаш сум била зафатена со некои други нешта и никогаш не сум имала момче – рекла во 2008 година за еден британски весник најстарата девица во оваа земја.

Аугустин Круз – 60

Шеесетгодишниот дрвар од Бронкс, Аугустин Круз, објаснил зошто никогаш немал секс. Краток одговор – не бил доволно среќен.

The 60-year-old Virgin from Nasr ul Hadi on Vimeo.

Шарлот Берд – 41 

Кога имала само 11 години, Шарлот си ветила сама на себе дека никогаш нема да има секс со маж, ако не е тој вистинскиот. Денес таа има 41 година и никогаш не се заљубила. Но не се жали.

„Толку девојки имаат скршено срце бидејќи се предале на мажи кои не ги ценат. Ваквиот живот не ми дава сигурност и имам чувство дека имам контрола над својот живот“ – објаснила таа на почетокот на 2012-та, кога имала 40 години.

Питер Колиер – 48

Питер Колиер на 48 години се’ уште бил девец, се’ додека не освоил милиони на лото. После тоа се венчал со Дона и во јавност ја раскажал својата приказна. Добивањето на лото променило се’.

Питер и неговиот брат Иан живееле со мајка си се’ до нејзината смрт. Питер не бил со жена, додека тој и брат му не освоиле 8,5 милиони долари на лото. После смртта на мајка им се појавила Дона, со која е се’ уште во брак.

Мишел Карлберт – 41

Како да им објасните на сите дека имате 41 година и се’ уште сте девица? Еден од начините е да пратите роденденска покана и на сите да им ја раскажете таа приказна. Токму тоа го направила Мишел Карлберт за светот да слушне за неа.

Трент Арсенолт – 36

Трент има 36 години, татко е на десет деца и се’ уште е невин.

– Сета моја сексуална енергија е насочена на производство на сперма за паровите без деца – објаснил во една прилика  – Веројатно ќе имам 40 години и се’ уште ќе бидам девец, но ќе имам и повеќе деца.

 

8 години во брак, а сеуште невини

Еден германски пар (30 и 36), посетиле клиника за плодност бидејќи после осум години брак се’ уште немале деца, па сфатиле дека сосема погрешно го сфатиле сексот.

– Кога ги прашавме колку често имаат секс, тие побледеа и не’ прашаа како тоа мислиме. Се испостави дека и двајцата биле воспитани во верско опкружување и не биле свесни за физичкиот контакт кој е потребен за да имате деца – изјавил портпаролот на клиниката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top