| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена е малата Медлин која исчезна пред 9 години?

Тригодишната Медлин Мекен од Велика Британија исчезна во 2007 година од хотел во местото Праја де Лус во Португалија, каде што летувала со семејството. Од тогаш се води интензивна истрага која неколку пати била прекината поради недостиг на докази. Во медиумите се пишуваше дека девојчето починало, како и кој е нејзиниот убиец, но сега се појавуваат нови информации. Таблоидот „Сан“ објавува дека малата Медлин се наоѓа во Парагвај.

Поради овие претпоставки, алармирани се четири полициски станици, Интерпол и агенциите задолжени за пронаоѓање на киднапирани деца.

Заменик шефот на полициската станица во Арегуа потврдува дека добиле вакви информации и дека веднаш го известиле Министерството за внатрешни работи и Интерпол.

– За оваа вест и новите докази ќе се слушне во целиот свет. Мора да реагираме на време и да го пронајдеме девојчето – вели заменик шефот на полициската станица.

Засега овие информации се објавени само во таблоидите, но изминативе денови и останатите медиуми шпекулираа дека постојат нови информации за исчезнувањето на девојчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top