Не се потребни исцрпувачки диети и напорни тренинзи, ако сакате постепено, нормално и здраво да слабеете секој ден. Доволно е само да се придржувате до пет правила и секојдневно по малку ќе слабеете.
Ако планирате секое утро да вежбате, тренерките е потребно да ви бидат во близина на креветот за да не си давате изговори дека не можете да ги најдете или дека не ви се чисти. Штом ги видите ќе знаете дека треба да си ја завршите утринската обврска.
Навикнете се секогаш да носите со себе нешто здраво за грицање за во случај да ве фати глад, да не изедете набрзина цел сендвич. Носете овошје или некоја салата.
Наместо да седнувате во првата сендвичарница или пицерија, создадете си навика да одите во ресторани каде што може да нарачате и здрава храна. На почетокот може да ви се чини тешко нарачувањето, гледајќи ги сите калорични оброци во менито, но постепено ќе се навикнете.
Бидете свесни за вашите повисоки цели. Не е важно само набрзина да ослабете, туку да го одржувате здравиот начин на живот. Не мислете само на калориите и на килограмите, туку и на здравјето и на убавината со промените што ги внесувате.
Одвојте време сами да си ја подготвите храната, барем делумно. Исечкајте го овошјето и зеленчукот, сварете го пилешкото или подгответе здрави сосови. Во текот на неделата ќе заштедите многу време, а и ќе бидете сигурни дека нема да ставите мајонез наместо некој поздрав сос, само затоа што го немате при рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.