Во Србија се наближуваат изборите, а политичките партии веќе почнале со делење на пропагандниот материјал, но овој пат решиле да бидат и практични и креативни.
Така, Социјалдемократската странка на Борис Тадиќ се сетиле на луѓето да им поделат влажни марамчиња во пакување на кое може да се најдат сите потребни информации за новата партија.
Додека се освежувате со влажното марамче, мислејќи на Борис Тадиќ, можете да видите каде се наоѓа претставништвото на оваа партија, бројот на мобилен телефон, е-пошта, страница на „Фејсбук“, па дури и факс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.