| четврток, 6 декември 2018 |

Влада Урошевиќ и Исмаил Кадаре на „Балканска книжевна вечер“ во Солун

В петок, на 11 март, во просториите на Францускиот институт во Солун, ќе биде одржанаБалканска книжевна вечер. Манифестацијата се одржува во рамките на Деновите на франкофонијата, во организација на Францускиот институт, а во соработка со конзулатите на Република Македонија и на  Република Албанија. Вечерта е посветена на делото намакедонскиот писател, академик Влада Урошевиќ и на албанскиот романсиер Исмаил Кадареи притоа е  предвиденоприсуството на двајцата писатели. Вечерта ќе ја отворат дипломатските претставници на Македонија и Албанија во СолунМаја Апостолова и Павлина Или. За поезијата на Влада Урошевиќ и, посебно, за неговата нова  книга песни преведена нафранцуски и објавена  во Париз, ќе зборува писателот Владимир Мартиновски, професор на Филолошкиот факултет во Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top